Реал Мадрид по 14. пат е фудбалски шампион на Европа

Мадридски Реал синоќа во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои фудбалската Лига на шампионите. Стрелец на единствениот гол вреден титула за „кралевите“ беше Винисиус Жуниор во 59. минута.

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 14-ти пат. Последен пат „кралскиот клуб“ го освои трофејот во сезоната 2017/18.

Тренерот на шпанскиот клуб, Италијанецот Карло Анчелоти ја освои ЛШ како менаџер по рекорден четврти пат. Анчелоти има 5 финалиња во Лигата на шампионите во својата тренерска кариера: три со Милан и две со Реал Мадрид. Загуби само еднаш, во сезоната 2004/05.

Освен Карим Бензема кој сезонава игра феноменално, синоќа најзаслужен за триумфот над „црвените“ во дресот на реал беше голманот Тибо Куртоа кој имаше дури 9 успешни интервенции, па ги фрли во очај напаѓачите на Ливерпул – Садио Мане и Мохамед Салах.

Реал остана неприкосновен на врвот по бројот на освоени титули во елитното натпреварување, зад него на втората позиција е Милан со 7 пехари.