Русија пресретнала повеќе од 250 украински дронови

Руските власти денеска соопштија дека претходната ноќ пресретнале 251 украински дрон, што е еден од најголемите напади на Киев во текот на трииполгодишниот конфликт, а особено интензивен бил во регионот на Црното Море.

Од тој необично голем број, 40 дронови биле соборени над Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектирала во 2014 година, 62 над Црното Море и пет над Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Од почетокот на офанзивата во февруари 2022 година, Русија речиси секојдневно лансира дронови и ракети врз Украина, која редовно возвраќа со напади врз руска територија.

Киев особено ја таргетира руската енергетска инфраструктура, но неговите напади обично се ограничени на неколку десетици дронови.

Москва, од друга страна, во последните денови ги интензивираше нападите врз украинската електроенергетска мрежа, што предизвика страв од кампања насочена кон втурнување на земјата во темница со наближување на зимата, како што тоа го направи во 2024 година.