Трамп: САД погодија уште еден брод на нарко картел крај брегот на Венецуела

-Во последните недели, морнарицата ја поддржа нашата мисија за расчистување на терористите на картелот од водата... извршивме уште еден (напад) синоќа. Сега едноставно не можеме да најдеме ниту еден (брод). Тие веќе не доаѓаат по море, па сега ќе мора да почнеме да бараме по копно бидејќи ќе бидат принудени да одат по копно, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека американските сили претходната ноќ погодиле уште еден брод за кој се тврди дека транспортирал дрога покрај брегот на Венецуела.

Трамп, за време на говорот во американската поморска база Норфолк во Вирџинија, веднаш до носачот на авиони „Хари С. Труман“, рече дека САД ќе почнат да ја истражуваат трговијата со дрога што се одвива и на копно, пренесуваат британските медиуми.

-Во последните недели, морнарицата ја поддржа нашата мисија за расчистување на терористите на картелот од водата… извршивме уште еден (напад) синоќа. Сега едноставно не можеме да најдеме ниту еден (брод). Тие веќе не доаѓаат по море, па сега ќе мора да почнеме да бараме по копно бидејќи ќе бидат принудени да одат по копно, рече Трамп.

Трамп процени дека зголемувањето на американската војска во Карибите ја запрело трговијата со дрога од Јужна Америка.

Американскиот претседател минатата недела му рече на Конгресот дека утврдил дека САД се во „немеѓународен вооружен конфликт“ со нарко-картелите.