Забрчанец: Со „Отворен Балкан“ стануваме пазар од 12 милиони жители!

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ – Марјан Забрчанец вечерва во гостување на тв Сител рече сега пред големите странски инвестиори ние нема да бидеме пазар со два, туку со 12 милиони жители.

„Потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација“ рече Забрчанец и појасни дека „Отворен Балкан“ е слободен проток на луѓе, стоки и услуги.

„Станува збор за подобри односи помеѓу самите држави. Да илустрирам со пример, камионите кои транспортираат одредена стока не чекаат долго по граници и на контролни пункови, туку поминуваат многу поедноставно и побрзо. Ние и веруваме на контролата на Албанија и на Србија, а тие и веруваат на нашата контрола. Ако камион со лубеници од Албанија треба да патува кон Србија ќе биде проверен еднаш или ниеднаш. Ако на тој камион му требале 30 часа да ги мине сите процедури и контроли и гранични точки, сега тоа се прави далеку побрзо и поефикасно, за само неколку часа“ – изјави Забрчанец.