Димитров: Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија и не може или не сака да им сврти грб

Копретседателот на Мешовитата историска македонско-бугарска комисија, Ангел Димитров во интервју за Бугарското национално радио рече дека „проблемот со европската интеграција на С. Македонија не е централен за бугарскиот политички државен врв“.

„Формално, секоја влада носи одлуки од надворешнополитички аспект. Во оваа состојба во која што ни е државата, при прилично спорен легитимитет на сите во власта, од гледна точка на нивното преставување меѓу Бугарите, редно е да се запрашаме дали во ваков момент можат да се носат решенија кои ги засегаат основните национални интереси“ – вели тој.

Димитров вели дека нема потреба да се свикува Консултативниот совет за национална безбедност и дека „не треба топката постојано да се префрла од една институција на друга“.

Смета дека Македонија Договорот за пријателство и добрососедство го смета за формален акт, за влезен билет за ЕУ, а не за солиден политички ангажман. Во интервјуто го критикува премиерот Кирил Петков, вели дека е еуфорично убеден дека сложениот јазол може да се одврзе. Нагласува дека нема ништо заедничко меѓу бугарската позиција и интересите на Русија.

„Р.С. Македонија има државност која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа се апсурдни тврдењата дека бугарската позиција е во служба на Русија или Србија. Бугарија категорично ја поддржа евроинтеграцијата на Северна Македонија за да ѝ помогне да се тргне од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се внимава на таквите евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“ – вели Димитров.