Шмихал: Штетата на инфраструктурата и економијата е околу 600 милијарди долари

Премиерот на Украина – Денис Шмихал вели дека руската инвазија врз неговата земја уништи повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови и 12 аеродроми.

„Околу 35 отсто од економијата во моментов не функционира“ – изјави Шмихал.

Тој посочи дека се уништени или оштетени и повеќе од 100 образовни институции, над 500 медицински установи и 200 фабрики, а повеќе од 300.000 квадратни километри земја е минирана или контаминирана со бомби.

Шмихал процени дека е изгубен 30 до 50 отсто од БДП на Украина, а месечниот буџетски дефицит е 5 милијарди долари.

Според проценките, директната штета на инфраструктурата и економијата е околу 600 милијарди долари.