„Подекс-Повекс 25“: Наука и иновации за одржлива иднина на рударството во Македонија

икендов во Охрид заврши шеснаесетото Стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс 25“, кое го организира Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија. На настанот, експерти од земјата и регионот дискутираа за иднината на рударската индустрија, со фокус на наука, иновации и одржливост.

Викендов во Охрид заврши шеснаесетото Стручно советување со меѓународно учество „Подекс-Повекс 25“, кое го организира Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија. На настанот, експерти од земјата и регионот дискутираа за иднината на рударската индустрија, со фокус на наука, иновации и одржливост.

Горан Сарафимов, претседател на Здружението, истакна дека рударството е клучен дел од економската и технолошката трансформација на земјата, со нагласок на преминот кон модерно, дигитално и зелено рударство. Тој посочи дека во последните две-три години се забележуваат конкретни напори преку поддршка за дигитализација, кредитни линии и проекти финансирани од меѓународни фондови, кои водат кон воведување на современи технологии како дигитално следење на опрема и автоматизирани системи за управување.

Како што се наведува во соопштението на Здружението, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посетила настанот и разговарала со учесниците за важните прашања во секторот, како и за инвестирање во модернизација, одржливост и развој на кадрите.

Стручното советување се одржа во два главни панела: „Научни предизвици и современи истражувачки тенденции во рударството“, кој ги презентира најновите научни достигнувања и улогата на академската заедница, и „Патот кон одржлив развој во рударството“, кој ја отвори потребата од балансирање на економскиот раст со еколошката одговорност, вклучувајќи енергетска транзиција и примената на ESG принципи.

Присутните имале можност да слушнат и презентации на научни трудови, вклучувајќи иновации како дигитализација на рударските процеси, геоморфолошки анализи и примена на био-сензори за мониторинг на здравјето на рударите, што придонесува за модернизација и подобрување на безбедноста во индустријата, а на настанот биле доделени признанија за достигнувања во 2025 година.