Почина Бујар Нишани – поранешниот претседател на Албанија

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани (56) кој поради постковид компликации се лекуваше во Германија.

Дел од албанските медиуми јавуваат дека неговото семејство отпатувало во Германија за да даде согласност за еутаназија на Нишани, како крајно решение.

Инаку, екс-претседателот на Албанија по инфекцијата со Ковид-19 беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана. Ситуацијата му се влоши, па на 23. април беше префрлен во Германија.

Нишани е роден на 29 септември 1966, а претседател на Албанија беше во периодот 24. јули 2012 до 24. јули 2017 година.

Во владите додека премиер беше Сали Бериша, беше министер за правда, но и министер за внатрешни работи.

По завршување на претседателскиот мандат се повлече од политичката сцена.