Премиерот на Словенија избира соработници со помош на тестот „Галуп“

Премиерот на Словенија – Роберт Голоб луѓето кои планира да ги стави на важни функции, сите парламентарци од неговата партија, најпрво ги тестирал со тестот „Галуп“, со по 12 прашања, преку кои се мери ангажираноста и мотивацијата на вработените.

Тестот дава анализа на вредностите, се поттикнуваат позитивните страни на поединецот и се избегнуваат потенцијалните конфликти во групата.

Пратениците одговарала на прашањата од тестот „Галуп Q12“, од кои првото гласело: „Знаете ли што се очекува од вас на работното место?

Пред да влезе во политиката, новиот премиер Голоб го искористил тестот при изборот на своите соработници во време кога раководел со големата енергетска компанија „GEN I“.