
Поради кила на тестисите, обвинетите за Ласкарци и по пет месеци уште не стапнале во затворската ќелија
➡ Во меѓувреме, возачот на автобусот Мануел Трифуновски, кој беше осуден поради управување со неисправно возило и невнимание што доведе до удар во заштитната ограда, веќе ја издржува својата казна.
Пет месеци по правосилната пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци, двајца од осудените – сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и транспортниот менаџер Ремзи Мифтари – сè уште не ја започнале десетгодишната затворска казна.
Од Основниот суд во Тетово за „Сакам да кажам“ потврдиле дека и двајцата доставиле медицинска документација поради здравствени проблеми. Белули имал хернија на еден тестис и неодамна бил опериран, додека Мифтари имал исти тегоби на двата тестиси и треба да биде подложен на хируршка интервенција.
Во меѓувреме, возачот на автобусот Мануел Трифуновски, кој беше осуден поради управување со неисправно возило и невнимание што доведе до удар во заштитната ограда, веќе ја издржува својата казна.
За време на судскиот процес, одбраната на Белули и Мифтари се обидуваше да ја префрли вината исклучиво на возачот, но судот ја отфрли таа аргументација и ги прогласи сите тројца за одговорни за несреќата.