Минатата 2021 година во земјава имало 18.580 живородени, додека бројот на починати стигнал до рекордни 28.816 лица, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.
Негативниот природен прираст лани изнесува -10.236.
Пандемијата на ковид 19 секако негативно се одрази, па за две години починаа над 50.000 лица во земјава (28.816 во 2021 и 25.775 лица во 2020 година).
Позитивен наталитет, според ДЗС, имало само во општините Василево, Липково, Студеничани, Сарај , Чаир, Шуто Оризари, Арачиново и Долнени.
Во првото тримесечје од оваа година, во земјава се евидентирани 4.009 живородени деца, додека починале 7.427 лица.