
Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула
➡ Актуелниот градоначалник на Аеродром, најави дека за многу скоро од денес, ќе има дополнителен капацитет за дечиња во градинките, односно доволен за искоренување на овој проблем.
Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, во гостување на Радио Лидер, говореше за правењето на длабок рез во делот на изградба на нови згради и фокусирање на градба и реконструкција на детските градинки, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Направивме еден длабок рез во однос на изградба на нови згради и се посветивме максимално на изградба на нова инфраструктура. Градинки, пуштивме една во употреба и една во завршна фаза. 4 години имавме тотални опструкции од Владата, 3 години имавме Влада на СДС, каде што на општините им се правеа големи опструкции, никаква поддршка, подржуваа само општини кои беа во минус, а не ги поддржуваа другите општини. За среќа дојде Влада кој што правилно ги распределува средствата за правилен развој на општините’’, потенцираше Митески.
Актуелниот градоначалник на Аеродром, најави дека за многу скоро од денес, ќе има дополнителен капацитет за дечиња во градинките, односно доволен за искоренување на овој проблем.
„За многу скоро од сега ја завршуваме изградбата на „Изворче“ ,ќе ја пуштиме во употреба и на тој начин сите градинки којшто и се под градинката „Срничка’’ ќе се растеретени и ќе имаме нови дополнителни места за 200 дечиња. Имаме уште еден дел на градинките под „Бубамара’’ тоа е во делот на Ново, Горно и населба Лисиче, каде што започнуваме изградба на комплетно нова градинка и со тој капацитет којшто ќе имаме ќе имаме 0 дечиња на листа на чекање’’, најави тој.
Митески додаде дека неговата визија е да се направат помали градинки кои ќе бидат достапни во населените места.
„Ќе работиме на помали градинки на микро локации каде што ќе им биде поблиску на родителите да ги однесат своите дечиња во градинки и на тој начин ќе пробаме да им ги овозможиме услугите поблиски до дома’’, заклучи Митески.