СДСМ го промовираше кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, Игор Христов

➡ Христов рече дека доколку ја добие довербата од граѓаните, неговите заложби ќе бидат Кочани да прерасне во чист, зелен, културен, безбеден, спортски и туристички град.

Во големата сала на  МКЦ во Кочани синоќа се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општината од редовите на СДСМ, Игор Христов. На настанот беа претставени и кандидатите за членови на Советот на Општината.

Христов рече дека доколку ја добие довербата од граѓаните,  неговите заложби ќе бидат Кочани да прерасне во чист, зелен, културен, безбеден, спортски и туристички град.

– Нашата визија за Кочани е јасна – Кочани да биде модерен, чист и развиен град, во кој младите ќе ја гледаат својата иднина, а возрасните ќе имаат достоинствени услови за живот. Верувам во град на еднакви можности, со нови инвестиции, подобра инфраструктура, социјална грижа и почит кон секој човек. Верувам дека Кочани има потенцијал да биде пример за развоји солидарност, порача Христов.

За тоа, нагласи тој,  ни треба тимска работа, чесност и посветеност. Нашите 5 принципи за развој на Кочани се Кочани чист и зелен град, безбеден град, урбан и културен град, спортски и туристички град, смета кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на СДСМ, Игор Христов.

Ностиелката  на Советничката листа, Александра Коцева  посочи дека  по големата и незапаметената трагедија од март годинава, потребно е да се работи сложно за Кочани да стане повторно урбан и модерн град.

– Верувам во силата на заедништвото! Bo нашата умешност да направиме промена! Овие избори се борба за нашиот дом! Со ваша поддршка, Кочани нека биде град на надежта, развојот и иднината! Бројот 5 е синоним за успех, за најдоброто, затоа да дадеме петка за градоначалник! Петка за Советот на Општина Кочани, рече од говорницата Коцева.

На промоцијата присуствуваше и потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.. Во своето излагање Костова упати остра критика кон властите, посебно во делот на справувањето со трагедијата во Кочани, но и во поглед на испорачувањето на правда за случајот. Костова нагласи дека изборот на локалната власт, градоначалникот и советниците се клучни за ефективно функционирање на локалната самоуправа.