Мицотакис: На некои им пречи силна Грција!

Премиерот на Грција – Кирјакос Мицотакис рече дека на неговите патувања во САД и Давос била пренесена пораката дека „Грција е силна на секое ниво: дипломатско, одбранбено, економско, но сега и енергетско“.

„Силна Грција, се разбира, на некои им пречи“ вели Мицотакис.

Тој рече дека соседот (Турција) колку повеќе се заканува „толку повеќе се разоткриваат“ и „колку повеќе нè предизвикуваат толку повеќе се маргинализираат“.

„Многупати имаме кажано дека географијата сака да сме еден до друг, но, за жал, тие избираат да застанат наспроти нас, наспроти меѓународното право, наспроти Европа, наспроти НАТО. Па така, ние, немаме причина да отвориме дијалог со незаконското, со неисториското и на крај со ќорсокакот. Напротив, секогаш сме отворени за секој пристап заснован на меѓународното право, но и на добрососедските односи. Но, тоа не значи дека нема да ги браниме нашите права и очигледно не значи дека нема да го објавуваме на меѓународно ниво, на сите форуми, сето она неприфатливо што се случува во нашиот регион во последните месеци“ – рече Мицотакис.