Мухамед Зекири: Нема зошто да бегам, се грижам за четири деца!

Екс-генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири денеска пред Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот и да се брани од слобода.

Тој како аргумент го посочи сознанието дека е под истрага цела година и дека ако сакал можел за тоа време да избега.

Апелационите судии одлуката ќе ја донесатза 24 часа. Зекири речиси два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во скопско Шуто Оризари.

„Сакам да напоменам дека од предистражната постапка јас бев во тек поради функцијата која ја вршев. Јас потпишав да се дадат сите документи кои ги побарале од мене, било експедитивно процесуирано. Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Кога беше првиотпат предложена мерката притвор, поднесов оставка, за да не ја попречувам истрагата која се води против мене. Не размислувам ниту имам зошто да бегам. Фамилијарен човек сум, се грижам за четири деца, имам две од првиот брак и имам двегодишна ќерка и посинокот на мојата сопруга кој е малолетен. Во однос на родителите на сопругата кои живеат во Гермаија, сакам да посочам дека тие сега живеат во Македонија, имаат регулиран престој. Тие живеат заедно со нас. Никој околности, немам намера, ниту имам зошто да бегам. Сакам во фер постапка да докажам дека сум невин во постапка“ – рече Зекири пред судот.