„Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија“ изјави денеска српскиот претседателот Александар Вучиќ по разговорите со партнерите од двете земји за натамошен развој на соработката во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот. Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија“ – порача Вучиќ.
На почетокот на идниот месец во Охрид се очекува средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, на која ќе присуствува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Претставниците на Црна Гора како набљудувачи и претходно биле на самитите на иницијативата Отворен Балкан и оцени дека треба да се прифати секоја регионална иницијатива која би можела да ја забрза европската интеграција на земјата, нагласувајќи дека нема алтернатива за членството во Европската Унија.