НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по тоа што Копенхаген го нарече упад на несакани беспилотни летала во данскиот воздушен простор, изјави портпарол на НАТО, пренесува Радио Слободна Европа.

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по тоа што Копенхаген го нарече упад на несакани беспилотни летала во данскиот воздушен простор, изјави портпарол на НАТО, пренесува Радио Слободна Европа.

Зголемените мерки „вклучуваат повеќе платформи за разузнавање, надзор и извидување и најмалку една фрегата за воздушна одбрана“ во регионот западно од Русија, изјави портпаролот Мартин О’Донел на прес-конференција доцна синоќа.

Тој додаде дека високите претставници на НАТО „биле во постојан контакт со данските лидери“ во врска со инцидентите со беспилотни летала, најновите во низата нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО.