„Се потврди дека големата афера „Криминални парцели“ за проневера на 1,5 милиони евра е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и Христијан Мицкоски. Станува збор за голема афера тешка 1,5 милион евра. Сите информации кои излегоа во јавноста и ги пласираа медиумите уште пред неколку месеци јасно укажуваат на организирана криминална акција, преку измама и проневера на парцели во Делчевско. Речиси сите осомничени лица во аферата „Криминални парцели“ се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“. Ова меѓудругото денеска на прес-конференција го изјави портпаролот на СДСМ – Дарко Каевски.
Пратеникот од владејачката партија рече дека „еден од осомнитечните е телохранител на Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со Договор вреден неверојатни 500.000 евра или половина милион евра. Јавно достапните информации во медиумите покажуваат дека на крајно сомнителен начин продал парцели од речиси 40.000 метри квадратни. Но тој не ги купил туку ги добил на подарок. Осомничен за кривично дело „измама во службата“ е и Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму, осомничен е и Мирослав Митовски, син на екс градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Дарко Тодоровски, поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е исто така осомничен во оваа афера“.
„Клучно прашање е каква е улогата на Христијан Мицкоски во оваа афера? Јавноста очекува одговори“ вели Каевски.