Бугарска „БНР“ информира дека односите со С. Македонија ќе бидат главна тема на вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада што треба да се одржи вечер во Софија на барање на премиерот премиерот Кирил Петков.
Петков најверојатно ќе им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот на Бугарија да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје.
Петков најави свикување состанок на коалицискиот совет при посетата на Рим и Ватикан на 24 мај.
Дел од партнерите во бугарската Влада се изјаснија дека нема да поддржат промена на позицијата на Софија кон Скопје и тргање на ветото за ЕУ.