Блинкен: Кина има моќ да го преобликува меѓународниот поредок!

„И покрај руската инвазија на Украина, за американската администрација Кина е најголем и најсериозен долгорочен предизвик за меѓународниот поредок“ вели државниот секретар Ентони Блинкен и наведува дека Кина е единствена земја што, освен што има намера да го преобликува меѓународниот поредок, има и сè поголема економска, дипломатска, воена и технолошка моќ, тоа да го стори.

Тој истакна дека претседателот Џо Бајден, од почетокот зазеде цврст став кон Кина, признавајќи оти земјата, како најголем конкурент на САД, зазема посебно место во американската надворешна политика.

Според Блинкен, Кина игра клучна улога во светската економија и во решенијата за проблеми, како што се климатските промени или пандемијата со Ковид-19. Тоа значи дека САД и Кина немаат друг избор, освен да се занимаваат еден со друг, додаде Блинкен, што претставува еден од најсложените односи денес во светот.