
Кина е уверена во својата способност да одржи економски раст и да го поддржи глобалниот развој, изјави синоќа кинескиот премиер Ли Кечијанг на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој ги критикуваше едностраните мерки и протекционистичките дејствија како што се царините, истакнувајќи дека тие придонесуваат за забавување на глобалната економија.
Ли повика на поголема меѓународна соработка.
Според него, Кина е „одговорен играч“ во справувањето со глобалните предизвици и увери дека неговата земја останува посветена на идејата за зелен развој.