
(ВИДЕО) Андоновски: Веќе не е прашање дали некој ќе сака или нема да сака да се дигитализира, тоа е неопходност
➡Ако се случи пожар во летниот период во некоја оддалечена шума ќе помислите дека тоа е нешто спорадично, дека се дрвокрадци кои сакаат да прават бизнис од дадената ситуација, но кога во исто време ќе имате подметнати пожари на три локации во Скопје, коишто конкретно се отпади, тогаш веќе не може да зборуваме за случајност или пак исклучиво за некои бизнис мотивирани активности. Така што мислам дека станува збор за еден сериозен напад на стабилноста на државата и обид за создавање на паника и страв кај населението. ➡Околу новите форми на безбедносни ризици - сајбер напади, влез во компјутерските системи, Андоновски вели дека суштинскиот проблем лежи во фактот дека архитектурите кои се создавале во системите, никогаш ја немале сајбер безбедноста во вид во моментот на создавање и долго време сајбер безбедноста се третирала како случајност и како реткост, како недостаток на самиот систем, а никогаш не се сметало дека таа би можела да биде искористена како начин на напад, дали од бизнис аспект, дали за злоупотреба на средства или пак од некои државни или недржавни елементи коишто имаат други политички повисоки цели. ➡Ова значи дека и развиениот свет кога трчал напред во дигитализацијата не ја скратувал многу јавната администрација, но многу се менуваат улогите на вработените. Од архивар или од лице коешто фотокопирало, од лице кое било курир, тие ќе мора да заземат некои покомплексни улоги и ќе треба да работат на системите коишто се развиваат. Затоа мислам дека јавната администрација не треба да се плаши од процесот на дигитализација, но мора да стекнува нови вештини и да напредува. Никој нема да чека определена институција од Македонија сѐ уште да работи на хартија и да испраќа документи по пошта. Веќе не е прашање дали некој ќе сака или нема да сака да се дигитализира. Прашање е дали ќе остане релевантен како институција или некој друг ќе го замени неговото место, вели Андоновски. ➡Говорејќи како член на потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ околу информацијата дека постои дил помеѓу неговата партија и СДСМ за заеднички настап на локалните избори во Кичево, Андоновски вели дека не сака да коментира во детали но дека кандидатот кој е предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ е човек кој успешно може да ги брани интересите на сите граѓани на овој град.
„Ако се случи пожар во летниот период во некоја оддалечена шума ќе помислите дека тоа е нешто спорадично, дека се дрвокрадци кои сакаат да прават бизнис од дадената ситуација, но кога во исто време ќе имате подметнати пожари на три локации во Скопје, коишто конкретно се отпади, тогаш веќе не може да зборуваме за случајност или пак исклучиво за некои бизнис мотивирани активности. Така што мислам дека станува збор за еден сериозен напад на стабилноста на државата и обид за создавање на паника и страв кај населението.
-Во многу нешта ова го објаснува битието на кривичното дело тероризам – затоа што со подметнување пожар се сака да се предизвика паника и страв кај населението, страв за здравјето, своето, на семејствата, паника за напуштање на живеалиштата, така што не мислам дека станува збор за случајност и не мислам дека станува збор за редовни пожари кои ни се случуваа изминативе години за време на летото, вели за „Трилинг“ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за тоа колку хибридните закани се реалност или можеби се работи за обид за дефокусирање на јавноста.
Прашан за тоа кои се центрите на моќ дома и во странство кои се обидуваат да ја урнат владата, Андоновски не сакаше да коментира за детали.
„Станува збор за информации кои ги имаат нашите безбедносни служби, агенции и МВР и се информации кои стигнуваат до премиерот. Министерството за дигитална трансформација и јас лично не сме вклучени во дискусиите кои се однесуваат на безбедноста, иако постојат информации не се работи за случајни настани“.
Околу новите форми на безбедносни ризици – сајбер напади, влез во компјутерските системи, Андоновски вели дека суштинскиот проблем лежи во фактот дека архитектурите кои се создавале во системите, никогаш ја немале сајбер безбедноста во вид во моментот на создавање и долго време сајбер безбедноста се третирала како случајност и како реткост, како недостаток на самиот систем, а никогаш не се сметало дека таа би можела да биде искористена како начин на напад, дали од бизнис аспект, дали за злоупотреба на средства или пак од некои државни или недржавни елементи коишто имаат други политички повисоки цели.
„Во таа смисла наследивме ситуација во којашто многу од системите немале заштита кога го граделе системот. Тоа значи дека не биле предвидувани редовни бекапи на системите, соодветен анти-вирусен програм, соодветна заштита, поврзаност, помала изложеност на податоците на граѓаните и тоа е нешто со коешто се справуваме целиов изминат период. Со донесување на законот за сајбер безбедност веќе ставаме и одговорност на институциите коишто не размислувале во таа насока“, смета Андоновски.

За тоа дали во услови на се почесто користење на вештачката интелигенција (ВИ) и кога се постепено се дигитализира ни е потребна или неопходна ваква голема бројка на јавна администрација, Андоновски вели дека во просек, ако се земе целиот јавен сектор, ние сме некаде на просекот на ЕУ.
„Ова значи дека и развиениот свет кога трчал напред во дигитализацијата не ја скратувал многу јавната администрација, но многу се менуваат улогите на вработените. Од архивар или од лице коешто фотокопирало, од лице кое било курир, тие ќе мора да заземат некои покомплексни улоги и ќе треба да работат на системите коишто се развиваат. Затоа мислам дека јавната администрација не треба да се плаши од процесот на дигитализација, но мора да стекнува нови вештини и да напредува. Никој нема да чека определена институција од Македонија сѐ уште да работи на хартија и да испраќа документи по пошта. Веќе не е прашање дали некој ќе сака или нема да сака да се дигитализира. Прашање е дали ќе остане релевантен како институција или некој друг ќе го замени неговото место“, вели Андоновски
На прашањето колку денес сме блиску до дигиталното описменување, министерот за дигитална трансформација вели дека сме еднакво блиску колку што и далеку, меѓудругото затоа што има вакуум простор во образованието.
„Ни се случува многу доцна или многу спорадично млади луѓе да ги запознаат вистинските алатки кои им стојат на располагање за свој личен напредок а не за забава. Делот за забава младите го учат сами, но делот за корисност многу тешко пробива – прво затоа што генерацијата на нивните родители не ги познава тие алатки и второ затоа што за жал немаме системски пристап во образованието. Ние не можеме информатиката да ја третираме како опционен-факултативен предмет во само едно од одделенијата во основното образование. Младите во регионот, да не одиме подалеку, учат ВИ или програмирање уште од прво одделение. Образованието мора да го следи технолошкиот напредок.
„Општините во поглед на кредитирањето немаа можност да аплицираат за дигитални проекти. Претежно беше инфраструктура којашто се градеше а не беше дигитална инфраструктура, но ние најдовме начин како да го бајпасираме тој проблем.
-Имаме еден проект со УНДП и со Швајцарската влада кој го работиме заедно со Министерството за локална самоуправа за дигитализација на клучните 10 услуги кои ги нудат општините и ќе биде понудена во фази за сите општини. Веднаш по изборите ќе започнеме со конкретна реализација на овој дел. Вториот елемент што ние го правиме како министерство е да обезбедиме унифицирани веб страници, достапни и безбедни, за општините кои не можат тоа сами да го направат. И вториот елемент – документ менаџмент систем и процес менаџмент систем, кој државните институции веќе го имаат, ќе го понудиме бесплатно на општините кои се заинтересирани, вели Андоновски и додаде дека со ГИС и со поддршка на ЕУ се поставуваат бесплатни ви – фи зони во 47 општини во Македонија.

Прашан за тоа каде и како се чуваат податоците за одбрана од сајбер напади, имајќи го предвид случајот со Пензискиот фонд, Андоновски вели дека за жал дел од институциите на несоодветен начин ги чуваат своите системи и податоци.
„Дел се на опрема која е во институциите, дел е на „облак“ на податочна платформа и дел се разменуваат, односно се наоѓаат на заеднички сервери. Во тек е физибилити студија за изградба на првиот државен дата центар. Секундарниот е веќе изграден во Прилеп, но за жал тој не се користи од доволен број на институции“, вели Андоновски.
Говорејќи како член на потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ околу информацијата дека постои дил помеѓу неговата партија и СДСМ за заеднички настап на локалните избори во Кичево, Андоновски вели дека не сака да коментира во детали но дека кандидатот кој е предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ е човек кој успешно може да ги брани интересите на сите граѓани на овој град.
Околу големиот број на независни кандидатури на локалните избори, особено за метрополата и колку тоа ќе биде хендикеп за владејачката партија во однос на дисперзија на гласовите, Андоновски вели кога имате голема поддршка треба да знаете да се носите со таа поддршка.
„Мислам дека би било неумесно од напа страна со толкава доверба да кажеме дека сме неподготвени за следната фаза во којашто ќе предводиме уште поголем број на општини. Ќе го предводиме градот Скопје, ќе го предводиме најголемиот дел од општините во град Скопје, ако не и скоро сите каде што имаме кандидати, така што големата доверба на граѓаните значи дека мора да испорачате многу сериозни резултати. Ние на тоа сме подготвени“, вели Андоновски.
Целото интервју погледнете го во видеото