Ново судење за воени злосторства во Украина, уште двајца млади руски војници се на обвинителна клупа, обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти.
Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин на судењето во украинскиот град Котелево се изјаснија за виновни.
Ако бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години.
Нивниот адвокат, пак, побарал да добијат осумгодишна казна затвор затоа што тие извршиле наредби од офицери.
Судењето продолжува на 31 мај.
На првото судење во Украина за воено злосторство доживотен затвор доби 21-годишниот Вадим Шишимарин кој е осуден за убиство на невооружен цивил.