
Костадиновски: Уставот не е музејски експонат, туку документ кој мора да живее и дише заедно со народот и времето
„Промените во глобалниот свет кои се резултат на промената во размислувањата, налагаат нивно прифаќање и прилагодување. Во уставното судство тоа е можно преку теоријата на „жив или реален конституционализам”. Теоријата на „живиот конституционализам” се појави како реакција на ограничените толкувања на оригиналистите. Идејата беше едноставна: Уставот не е музејски експонат, туку документ кој мора да живее и да дише заедно со народот и времето!“ рече Костадиновски.
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска се обрати на 12. Меѓународна научна конференција која се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Костадиновски како еден од главните говорници на Конференцијата зборуваше на темата „Општествените промени во глобалниот свет и живиот конституционализам”, се вели во соопштението од Уставен суд.
Во рамки на посетата претседателот Костадиновски на Универзитетската библиотека донираше дел од своите авторски трудови кои претставуваат придонес во областа на правната наука и практика. Со овој чин, претседателот ја потврди својата лична и професионална посветеност за унапредување на академската заедница, поттикнување на научно-истражувачката работа и овозможување на студентите, професорите и истражувачите полесен пристап до релевантна стручна литература.
„Промените во глобалниот свет кои се резултат на промената во размислувањата, налагаат нивно прифаќање и прилагодување. Во уставното судство тоа е можно преку теоријата на „жив или реален конституционализам”. Теоријата на „живиот конституционализам” се појави како реакција на ограничените толкувања на оригиналистите. Идејата беше едноставна: Уставот не е музејски експонат, туку документ кој мора да живее и да дише заедно со народот и времето!“ рече Костадиновски.
Порача дека „македонскиот Уставен суд, токму водејќи се од оваа премиса, пред точно една година воведе две значајни новини во уставното судство. Првата, е воведувањето на она што во европското уставно судство се нарекува „интерпретативна одлука”. Суштината на овој тип одлуки е дека Судот направил првична оценка на уставноста, изразил сомнеж и повел постапка а во решението ги образложил своите правни стојалишта, но, ја одложува конечната одлука и одредува временски рок на доносителот на прописот за усогласување, под репресивна ‘закана“ за укинувачка или поништувачка одлука“.
„Смислата на оваа новина е Судот да го зачува интегритетот на правниот поредок и да му остави уште една (временски ограничена) можност на органот што го донел оспорениот пропис да се коригира и да се врати во сферата на уставноста за не бидат создадени правни празнини кои би можеле да имаат сериозни импликации по поредокот“ рече тој.