Вардар 1961 е старо-нов ракометен шампион на Македонија

Ракометарите на скопски Вардар 1961 ја одбранија шампионската титула во македонската Суперлига откако денеска славеа во последното коло против тимот на Тиквеш со 37-25.

и тоа доволно кажува за неговиот формален карактер. На Вардар му беше потребна победа за да го материјализира триумфот во Битола, во 7. коло, кој суштински ја донесе титулата.

Избраниците на тренерот Давид Дејвис во „Јане Сандански“ немаа поголеми проблеми со екипата од Кавадарци и по седми пат во низа го подигнаа пехарот кој им припаѓа на шампионите.

Тимур Дибиров и Филип Талески беа најефикасни со по 10 гола, а добра партија имаше и Мартин Томовски.

Пред средбата Вардар им додели посебни подароци на играчите со кои се разделува – Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари.