Мицкоски кај г.г.Стефан: Македонската црква е значаен столб во нашето суштествување како народ и земја!

Христијан Мицкоски – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со потпретседателот на партијата – Владо Мисајловски остварија средба со неговото блаженство архиерејот на МПЦ-ОА – г.г Стефан.

„На средбата честитав за храброста и мудроста на Синодот и поглаварот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност, како чувар на нашиот идентитет и култура. Македонската црква која овозможува духовно обединување на нашиот народ е знаечаен столб во нашето суштествување како народ и земја. Да чекориме обединето, мудро и решително“ – порача Мицкоски.

Пред два дена, на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, српскиот патријарх Порфириј од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Соборот на Српската православна црква (СПЦ) ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).