Во јужниот дел на Перу денеска е забележан силен земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер. Властите засега не објавија податоци за евентуални жртви или материјални штети.
Епицентарот бил на 5 километри од Тирипате, во близина на границата со Боливија, на длабочина од 212 километри.
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат исплашени граѓани како трчаат кон улиците. Засега нема информации за штети или повредени.
Последниот голем земјотрес кој го погоди Перу се случи во август 2007 година. Тогаш во земјотресот со магнитуда од 7,9 степени загинаа 595 луѓе.