Претседателот на САД – Џо Бајден за нова амбасадорка во Северна Македонија ја номинирал Ангела Агелер, која беше советничка за односи со јавност на амбасадата на САД во Скопје во периодот 2009-2011 година.
Агелер во земјава ќе дојде од позицијата заменик-амбасадор на САД во Пакистан.
Во кариерата работела како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, во Стејт Департментот како заменик помошник државен секретар за јужна и централна Азија, и повеќе други позиции во американската администрација.
Таа вели дека е почестена од кандидатурата за нова амбасадорка во С. Македонија.