Трагедија во Сенегал – 11 новороденчиња загинаа во пожар во болница

Трагедија во сенегалскиот град Твауан, 11 новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница.

„Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“ – напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во порака на Твитер.

Тамошните медиуми пишуваат дека пожарот избувнал во болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“ која неодамна била отворена

Министер за здравство на оваа земја изјавил дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедијата е краток спој во електричната инсталација на објектот.