Петте членови на УО на „Алкалоид“ годинава купија акции
Ѓорѓи Јованов, директорот на Акционерство и имотни прашања на „Алкалоид“ е петтиот член на УО на компанијата кој годинава купува акции.
Од компанијата преку Македонска берза информираат дека Јованов се стекнал со 60 обични акции издадени од „Алкалоид“.
Со оваа инвестиција, може да се каже дека сите членови на УО на Алкалоид АД Скопје во континуитет вложуваат во акции и тоа е позитивна корпоративна пракса.
Акциите на „Алкалоид“ на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност важат за едни од најтргуваните и најликвидни.