Вангелов: Може да се реши спорот со Бугарија ако престанат провокациите од Софија

Огнен Вангелов – членот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија во интервју за „Макфакс“ вели дека веќе подолго време има застој во работата на Комисијата. Застојот доаѓа по ветото од Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Се разликуваме во сфаќањето за тоа што значи поимот заедничка историја и тука не се согласуваме и веројатно нема да се согласиме ниту во иднина. Тоа е основата на застојот во Комисијата. Кога се вжештува атмосферата, а најчесто се вжештува од таа страна, не најчесто, туку исклучиво сите политички изјави што содржат елементи на омраза, на провокации, доаѓаат исклучиво од бугарска страна, зборуваме институционално. А тие велат дека овде има говор на омраза и дека Македонија мора да го спречи говорот на омраза кон Бугарија“ – вели Вангелов.

Тој смета дека проблемите може да се решат ако се дискутира на маса, но да не се политизира.