Премиерот на Словачка – Едуард Хегер е загрижен за иднината на неговата земја во случај Русија целосно да ја освои Украина.
„Ако Украина падне, следна е Словачка. Украина мора да победи“ – рече Хегер на Светскиот економски форум во Давос, каде што присуствуваат голем број политички и економски лидери.
Тој ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на енергенти од Русија и ги повика европските лидери да престанат да ги компромитираат своите принципи.
„Предолго ги продававме своите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин ја предизвикаа војната во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која луѓето масовно гинат. Украинците пролеваат крв за нашите вредности“ – рече Хегер.