Лагард: Криптовалутите не вредат ништо!

Кристин Лагард – претседателка на Европската Централна банка вели дека криптовалутите не вредат ниту пара.

„Мојата многу скромна проценка е дека не вредат ништо. Тоа не се заснова на ништо. Нема основно средство кое ќе делува како сидро на безбедноста“ – вели Лагард.

Таа ги повика глобалните креатори на политики да воспостават правила за да ги заштитат неискусните инвеститори кои прават големи облози на дигитални средства.

Биткоинот – најголемиот во светот загуби повеќе од половина од својата вредност од највисоките нивоа во ноември.

„Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека тоа ќе биде награда, кои немаат разбирање за ризиците, кои ќе изгубат се и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека тоа треба да се регулира“ – кажа Лагард и потенцираше „денот кога ќе ја имаме дигиталната валута на централната банка, јас ќе бидам гарант над секое дигитално евро“.