Руската црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

„Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква“.

Ова го изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија – протојереј Николај Балашов.

„Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за „ТАСС„.

Ова доаѓа откако вчера српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје обзнани дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.