(Видео) Стоилковска: Не сакам сожалување туку еднакви можности

-Јас кога ќе излезам од нашата куќа наидувам на луѓе кои ме сожалуваат, што сметам дека е погрешно. Мислам дека лицата со попреченост не треба да се сожалуваат туку треба да се мотивираат затоа што како и сите и тие можат да работат“, изјави за „Трилинг“ храбрата Марија Стоилковска, девојка со оштетен вид која дипломирала политички науки.

„Доколку си лице со било која попреченост, во случајов со оштетен вид значи да бидеш зависен од помошта на семејството, да не можеш да бидеш вклучен во никакви збиднувања во нашето општество како што се забавните, културните. Тоа значи и да не можеш да побараш вработување, затоа што ако го направиш тоа добиваш одговор дека лицата со попреченост не можат да работат одредени професии. Јас кога ќе излезам од нашата куќа наидувам на луѓе кои ме сожалуваат, што сметам дека е погрешно. Мислам дека лицата со попреченост не треба да се сожалуваат туку треба да се мотивираат затоа што како и сите и тие можат да работат“, изјави за „Трилинг“ храбрата Марија Стоилковска, девојка со оштетен вид која дипломирала политички науки.

Раскажувајќи за животните искуства и образованието,  Стоилковска вели дека уште како мала имала здравствени проблеми кои што се надвор од нејзината попреченост.

„Јас многу сакав да одам во градинка но не ме примија. Тоа го направија под изговор дека немаат стручни лица кои ќе работат со мене. Потоа на шест години требаше да се запишам во училиште во Куманово. Таму не прашаа дали имаме Брајова машина. Мајка ми и татко ми отидоа во центарот за социјални работи да прашаат дали може да добиеме таква машина, вработената ги запраша зошто да учи во Куманово кога има специјално училиште во Скопје. Па така кога јас се запишав на училиште. На почеток одев со мајка ми и татко ми, ништо не ми беше познато, а мотивот ми беше ако јас се запишам во школо јас ќе запознаам нови луѓе, ново знаење, другарчиња, личности. За среќа јас се навикнав на тој простор, училница“, вели Стоилковска и додава дека до петто одделение пишувала на машина но кога констатирале дека е дијабетичар, морале да најдат начин како да се продолжи со образованието.

„Мајка ми ми рече дека преостанува да ги снимаме лекциите, лектирите. Тоа и го направивме. Кога дојдов до четврта година средно со мојот асистент продолживме со истиот метод. Додека бев во школо татко ми секој ден ме возеше Куманово – Скопје, одев на пракса“, вели Стоилковска.

Марија говореше и за проблемите при запишувањето на факултет.

„При УКИМ ме одбија со изговор дека немам положено државна матура, иако ние знаевме дека лицата со попреченост не го полагаат тој предмет/испит. По одбивањето на УКИМ поразговаравме и дознавме за двојните дипломи на ФОН. Во другиот уписен рок дојдовме да се запишеме и одлучив да се запишам на политички науки. Добив стипендија и бев прв студент оштетен вид и попреченост со кој професорите се имаа сретнато“, изјави Стоилковска.

Нејзината асистентка Марија Ѓуревска вели дека со Стоилковска е седум години, од 2018., односно од самиот почеток кога во Македонија беше воведена асистенцијата.

„Од тогаш работиме заедно. Обично пет дена во текот на неделата и сега за сега добро функционираме“, вели Ѓуревска.

За тоа колку образовниот систем и општеството воопшто е подготвено за лицата со оштетен вид, асистентката на Марија вели дека има пречки но и дека сега за сега добро се снаоѓаат.

„Излегуваме секојдневно надвор од домот. Е тука наидуваме на чудни погледи од луѓето, знаат да се завртат, Марија го забележува тоа. Професорите на факултет се консултираа со мене бидејќи беа неподготвени, односно сѐ уште не знаеја како да и пристапат, да и помогнат полесно да ги сфати материјалите и можам да кажам дека од ФОН наидовме на огромно разбирање“, вели Ѓуревска.

Целата приказна за предизвикот на храбра девојка како Марија, улогата на образованието и општеството во целина, помошта од семејството и нејзината асистентка Ѓуревска погледнете го во видеото.