(ВИДЕО) Стартува новата сезона на магазинот „Трилинг“!

Вечерва стартува новата сезона на магазинот „Трилинг“. Гости во првата емисија се универзитетскиот професор, кривичарот, проф. д-р Гордан Калајџиев, Марија Стоилковска, девојка со оштетен вид, Валентина Тасева, извршна директорка на Семос едукација, Петар Пејовски, дата и ИТ специјалист.

Вечерва стартува новата сезона на магазинот „Трилинг“. Гости во првата емисија се универзитетскиот професор, кривичарот, проф. д-р Гордан Калајџиев со кого разговараме за најновата афера со наводното прислушување и следење, безбедносните ризици и подготвеноста на нашите институции да се справат со нив.

Злоупотребите на на државните функции, правните лавиринти низ кои високи функционери го наоѓаат начинот да ја избегнат одговорноста и колку судско-обвинителскиот систем е подготвен да одговори на овие предизвици се прашањата на кои бараме одговор.

Во вториот дел од емисијата гостинка е Марија Стоилковска, девојка со оштетен вид со која разговаравме за тешкотиите низ кои проаѓа во суровото македонско секојдневие, храброста и упорноста да се истрае во намерата да се успее без оглед на сите препреки и сопки низ кои луѓето со хендикеп како по правило се соочуваат во нашата држава.

Третиот дел е наменет на реалноста и новата технолошка револуција. А таа е вештачката интелигенција и какви се предизвиците кои ни престојат со нејзината употреба. На оваа тема разговараме со Валентина Тасева, извршна директорка на Семос едукација.

Последниот дел е наменет за новата рубрика „Знаење што менува“. За најновите ИТ трендови, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција. Сето ова не е научна фантастика, напротив е реалност и дел од секоја професија. Таа е новиот неопходен јазик. Соговорник во „Трилинг“ е Петар Пејовски, дата и ВИ специјалист.

Сето ова во „Трилинг“ – гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.