Лекорну: Новата влада мора да биде креативна и да разговара со опозициските партии

Мора да се случат промени, не само кога станува збор за формата или методот, туку и во суштината, посочи Лекорну

Новиот премиер на Франција, Себастијан Лекорну, на денешното примопредавање на должноста, изјави дека новата влада ќе мора да биде креативна, да разговара со опозициските партии.

– Мора да се случат промени, не само кога станува збор за формата или методот, туку и во суштината, посочи Лекорну.

Тој најави дека денеска ќе се сретне со претставниците на најголемите политички партии, а за следните денови планирани се средби и со другите политички партии и синдикатите.

Лекорну му се заблагодари на неговиот претходник Франсоа Бајру, кој изјави дека „сè ќе направи за да и помогне на Владата“.

– Во следните месеци ви е загарантирана мојата помош. Соберете се, бидејќи не верувам дека нашата земја засекогаш ќе остане поделена, полна со навреди и насилство … не верувам дека ќе останеме земја каде што избраните функционери и политичките сили продолжуваат да се однесуваат како реалноста да не постои, посочи Бајру.

Францускиот Парламент на 8 септември ја разреши владата на Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се изјаснија дека гласаа дека немаат доверба во Владата, додека само 194 и дадоа доверба.