Колони луѓе чекаат за последен поздрав со Џорџо Армани

Постојат два реда за влез: едниот резервиран за вработените во Џорџо Армани, а другиот за јавноста, објавува Анса. Меѓу првите што пристигнаа беа градоначалникот на Милано, Бепе Сала, извршниот директор на Стелантис, Џон Елкан, и неговата сопруга Лавинија, претседателот на Кошаркарската федерација, Џани Петручи, и тренерот на Олимпија, Џани Месина.

Стотици луѓе чекаат во ред од 7 часот наутро за да му оддадат последна почит на познатиот италијански дизајнер Џорџо Армани во неговата резиденција на Виа Бергоњоне во Милано, каде што е поставена капела, отворена од 9 часот наутро.

Постојат два реда за влез: едниот резервиран за вработените во Џорџо Армани, а другиот за јавноста, објавува Анса. Меѓу првите што пристигнаа беа градоначалникот на Милано, Бепе Сала, извршниот директор на Стелантис, Џон Елкан, и неговата сопруга Лавинија, претседателот на Кошаркарската федерација, Џани Петручи, и тренерот на Олимпија, Џани Месина.

Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 4 септември на 92-годишна возраст, објави групацијата Армани.

„Со огромна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила, Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа.

Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој го комбинираше талентот на дизајнер со остроумноста на бизнисмен, водејќи компанија која генерираше продажба од околу 2,3 милијарди евра (2,7 милијарди долари) годишно, објави Ројтерс.

Тој беше болен веќе некое време и беше принуден да се повлече од ревијата на својата група на Неделата на машка мода во Милано во јуни, прв пат во неговата кариера да пропушти настан на модна писта.

Со прекар „Ре Ѓорѓо“ (Крал Џорџ), дизајнерот беше познат по тоа што надгледуваше секој детаљ од својата колекција и секој аспект од својот бизнис: од рекламирање до стилизирање на косата на моделите додека одеа по пистата.

На 91 година почина Џорџо Армани, кралот на италијанската мода