
Најмалку 20 луѓе исчезнаа по протестите во Индонезија, соопшти локална НВО
Најмалку 20 луѓе се водат како исчезнати по насилните протести што ја зафатија Индонезија од минатата недела, соопшти денеска локална организација за човекови права.
Најмалку 20 луѓе се водат како исчезнати по насилните протести што ја зафатија Индонезија од минатата недела, соопшти денеска локална организација за човекови права.
– По пребарувањата и проверките, 20 луѓе сè уште се водат како исчезнати, соопшти Комисијата за исчезнати лица и жртви на насилство (КонтраС).
Протестите првично почнаа на 25 август во знак на протест против надоместокот исплатен на членовите на парламентот. Протестите се интензивираа по смртта на еден таксист на мотор во Џакарта во четвртокот минатата недела, откако беше прегазен од полициско комбе.
На тие собири загинаа шест луѓе.
КонтраС наведе дека 20 луѓе исчезнале во градовите Бандунг, Џакарта и Депок, град во близина на главниот град.
Неколку илјади луѓе вчера повторно протестираа во неколку индонезиски градови, а на улиците на Џакарта распоредена е војска.
Се очекува демонстрациите да продолжат и денеска низ целата земја.
Обединетите нации вчера повикаа на брза, темелна и транспарентна истрага за смртта на шестмина демонстранти за време на собирите кои безбедносните сили насилно ги потиснаа.