„Бугарската влада не се подготвува да го укине ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија“. Оваа изјави претседателот на Народното собрание – Никола Минчевја даде за „БНТ“.
„Ова е тема која многу погодно може да се искористи за политички цели. Нема вистинска причина да се тврди дека ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија. Ставот на Бугарија по ова прашање е јасен и очекуваме имплементација на Договорот за добрососедство и другите договори“ – рече Минчев.
Ова доаѓа откако во петокот бугарскиот премиерот, Кирил Петков, во видео-обраќање побара од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност.
Тој ги повика партиите, службите и шефот на државата повторно да разговараат за бугарското вето против почеток на преговори за членство на С.Македонија во Европската Унија.
Некои поддржаа свикување на Советот, други се противат на идејата.