Пожарникарите спречиле огнот од скопскиот хотел „Буши“ да се прошири во целиот објект и да ги зафати сите околни, а брзата интервенција на лекарите спречила да има посериозно повредени.
Сепак десетици луѓе вдишале чад, а дел од нив завршиле и во болница. Останатите по укажаната помош биле пуштени дома.
Пожарот се случил во хотел „Буши“ во поладневните часови, а според информациите од противпожарната служба, тој избил на неколку места. Чад и скршени стакла, низ кои гостите бегале од огнот.
Информациите се дека лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на лице место, а 9 завршиле во болница.
Шестмина се на Токсикологија, а тројца во градската болница „8 . Септември“.
Меѓу повредените има и тројца пожарникари.