Четвртолигашот Гримсби Таун го елиминираше Манчестер јунајтед во англискиот Лига Куп

Четвртолигашот Гримсби Таун го направи најголемиот подвиг во клупската историјата, откако синоќа со по изведување пенали 12-11 (2-2, 2-0) го елиминираше Манчестер Јунајтед во второто коло од англискиот Лига Куп.

Нискобуџетниот клуб од источниот брег на Англија ја најави сензацијата веќе во првото полувреме во кое обезбеди предност од 2-0. Домашниот тим поведе во 22 минута со голот на Чарлс Вернам, а само осум минути подоцна Тајрел Ворен постигна гол за 2-0.

Рубен Аморим направи тројна замена на полувремето, а Јунјатед ја преполови негативата во 75 минута преку Брајан Мбеум, пред Хари Магваер да израмни во 88 минута и да го однесе натпреварот во пенал серијата.

Домаќините први промашија, откако Онана го одбрани ударот на Кларк Оудор во третата серија. Јунајтед имаше сè во свои раце, но Матеус Куња не реализираше во петтата серија. Победникот беше одлучен дури по 26 пенали, кога Дараг Бернс постигна гол во 13 серија, а Мбеумо ја погоди стативата за голема радост на домашните навивачи на „Бландел Парк“.