
Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за шверц на дијаманти, јавија денеска турските медиуми.
Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за шверц на дијаманти, јавија денеска турските медиуми.
Операцијата почнала откако 10 осомничени првично биле приведени поради шверц на скапоцени камења во Турција. Полицијата изврши рации во 23 претпријатија на покриената чаршија од 15 век, апсејќи уште 40 лица.
Полицијата конфискуваше 135 парчиња накит, 1.132 инготи од благородни метали и 267 историски артефакти во вредност од 1,25 милијарди турски лири (25 милиони евра). Запленето е и огнено оружје.
Капали чаршија или Голема чаршија е едно од најпосетуваните туристички места во светот и во неа има илјадници мали продавници. Ја основал султанот Мехмед Втори Освојувачот набргу откако го освоил Константинопол во 1453 година.
Често опишувана како прв трговски центар во светот, Капали чаршија не е поштедена од криминални активности. Во април, полицијата изврши рација во фирма која се занимавала со девизи и благородни метали под обвинение за перење пари.