Во Македонија повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4.2%.

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува – 1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4.2%.

Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1% во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0.4% во споредба со истиот период од 2024 година.