Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН

Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание по сличните најави од Франција и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинската држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.

Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание по сличните најави од Франција и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

„Ставот на федералната влада е јасен во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц.