
Шира: Хојлунд ќе се приклучи на Наполи во следните 48 часа
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, е блиску до приклучување кон Наполи.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, е блиску до приклучување кон Наполи.
Според новинарот Николо Шира, 22-годишниот Данец ќе потпише договор со италијанскиот клуб во следните 48 часа. Наполитанците ќе го изнајмат напаѓачот за пет милиони евра со опција за откуп за 40 милиони евра.
Хојлунд игра за Манчестер јунајтед од 2023 година. Данецот има 26 гола и шест асистенции на 95 натпревари за англискиот тим. Неговиот договор со Манчестер јунајтед е до 2028 година.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 35 милиони евра.