
Тешка сообраќајка во БиХ – жена загина, осумгодишно дете е тешко повредено
„Имало свртување надесно од патот и патничкото моторно возило „голф 6“, кое го управувал А.Х. (23), се превртело на покрив. Сопатничката од возилото Н.Б. (61) починала на самото место од повредите, а во 20:05 часот лекарот од Заводот за итна медицинска помош на Кантон Сараево констатирал смрт“ се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Шеесет и едногодишна жена почина на самото место во сообраќајна несреќа во областа Трново, во БиХ, а уште три лица се тешко повредени.
МУП на Кантон Сараево соопшти дека несреќата се случила синоќа во 19:35 часот во местото Маџари, во општина Трново.
„Имало свртување надесно од патот и патничкото моторно возило „голф 6“, кое го управувал А.Х. (23), се превртело на покрив. Сопатничката од возилото Н.Б. (61) починала на самото место од повредите, а во 20:05 часот лекарот од Заводот за итна медицинска помош на Кантон Сараево констатирал смрт“ се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на КС.
Во соопштението за медиумите се додава дека возачот А.Х. е тешко повреден, а патниците од возилото А.Х.(61) и на осумгодишно дете им е укажана медицинска помош во КЦУС, каде што се задржани на понатамошно лекување.