Меџити со прогноза за Чаир: Очекувам победнички резултат во првиот круг
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, очекува апсолутна победа на октомвриските избори и најавува визија за урбан развој на општината во наредните 50 години.

Во интервју за МИА, Меџити истакна дека довербата од граѓаните ќе ја бара со конкретна и прагматична програма во неколку столбови – решавање на сообраќајниот метеж, уредување на зеленилото и тротоарите, регулирање на урбанизацијата и воведување мораториум за нови градби.
Чаир ќе биде првата општина што нема да има ѓубре на улиците, затоа што сите контејнери ќе бидат подземни. Тоа ќе придонесе за многу почист и позелен Чаир – рече тој.
Во план се и 500 нови паркинг места во Старата скопска чаршија, 100 во Гази Баба, како и нови паркинзи кај Чаирчанка и Пластичарска, заедно со воведување зонско паркирање.
Меџити најави и значајни инвестиции во образованието: од 1 септември две основни училишта ќе работат само во една смена, што, според него, ќе биде модел и за останатите со изградба на нови училишта и реорганизација.
Тој посочи дека Старата скопска чаршија веќе е најатрактивно место во државата, но потенцираше дека визијата на ВРЕДИ е да ја направат уште поразвиена и урбано уредена.
Очекувам апсолутна победа во Чаир и убеден сум дека битката ќе заврши во првиот круг – изјави Меџити