Езе нов фудбалер на Арсенал
Лондонски Арсенал денеска ги засили своите редови со англискиот репрезентативец Еберечи Езе од градскиот ривал Кристал Палас во договор вреден 60 милиони фунти, вклучувајќи осум милиони фунти бонуси, објави Би-Би-Си.

Езе (27) стана седмото летно засилување на Арсенал.
Претходно, Езе беше една од главните цели на Тотенхем, кој се согласија со условите и со Палас и со самиот играч.
Сепак, Арсенал испрати понуда во средата и Езе, кој е навивач на Арсенал од детството и ја започна својата кариера во младинската академија на клубот, одлучи да се врати во северен Лондон.
Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта го опиша Езе како „креативен и експлозивен талент со огромен технички квалитет“.
Тренерот Микел Артета, пак, рече дека новото засилување „ќе донесе нова димензија во напаѓачката игра“.