Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца.

„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.

Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, порача друг транспарент.

Особено емотивна порака носеше Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден беше вчера: „Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите.“

„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на загинатите.

Ова беше 19-ти по ред Марш на ангелите. Дел од родителите во четвртокот на гробовите на загинатите во трагичниот пожар во четвртокот се сретнаа со премиерот Мицковски кој ненајавено дојде и запали свеќи. Родителите кои беа на случајната средба му рекоа дека трпат секојдневни притисоци и закани да престанат со Маршовите на ангелите.

„Никој не може и не смее да ви се заканува и да ве попречува да протестирате“, ги убедуваше Мицковски.